Taмпа Беј броеше до шест, „ајкулите“ со бело знаме го пречекаа шампионот

Taмпа Беј лајтнинг ја продолжи двегодишната доминација над Далас старс со убедливиот триумф од 6-0. Лидерот на Источната конференција целосно ја оправда улогата фаворит и стигна до петтиот последователен триумф над екипата од Далас.

Стамкос по помалку од осум минути игра во првиот период ја започна голеадата, а до крајот на воведните 20 минути домашниот состав уште трипати го тресеше голот на Далас. Килорн зголеми на 5-0 во деветтата минута од вториот период, набрзо потоа Стамкос одново се запиша во листата на стрелците и го постави конечниот резултат.

Овечкин и дружината не се плашат од ајкули, Вашингтон капитолс со убедливи 5-1 се врати од гостувањето кај Сан Хозе. Шампионот брзо закрепна од разочарувањето против Колумбус за да стави крај на победничката серија на Шаркс, која до овој меч стоеше на шест победи.

Лабанк донесе предност за домаќините по две минути игра, а потоа следуваше колапс на Сан Хозе. Оши израмни веднаш по исклучувањето на Павелски, а потоа гостите од Вашингтон реализираа уште четири погодоци за кои хокеарите на Сан Хозе немаа одговор.

Резултати НХЛ:

Тампа Беј лајтнинг – Далас старс 6-0

Сан Хозе шаркс – Вашингтон капитолс 1-5

Колумбус блу џекетс  – Њујорк ајлендерс 0-3

Флорида пантерс – Калгари флејмс 2-2 (2-1 на пенали)

Детроит ред вингс – Отава сенаторс 3-2

Нешвил предаторс – Монтреал канадиенс 3-1

Винипег џетс  – Колорадо аваланш 1-4

Чикаго блекхокс – Њу Џерси девилс 5-2

Аризона којотс – Сент Луис блус 0-4

Вегас голден најтс – Торонто мејплс лифс 3-6

ЛА кингс – Ванкувер канукс 3-3 (1-2 на пенали)

 

 

- Оглас -

Најнови вести