Тампа беј први до „стотка“, Торонто е кошмар за Бафало

Тампа беј лајтнинг е првата екипа во НХЛ-лигата која стигна до 100 бода во регуларниот дел од тековната сезона, а во пенал-рулетот против ЛА кингс ја остварија 48-мата победа. Откако резултатот по три периоди гласеше 3-3, дополнителните минути не донесоа победник, па Тампа славеше со 3-2 во пенал-серијата. Тампа воедно ја продолжи победничката серија на девет меча, односно му го нанесе осмиот последователен пораз на тимот од Ел-еј.

Иако „кралевите“ се најдоа во негатива од два гола по првиот период, во последните 20 минути од средбата во три наврати ја тресеа мрежата на домаќинот, додека Милер на осум минути пред крајот избори продолженија, односно го спаси својот тим од пораз. Стамкос, Кучеров и Хедман имаа прецизни обиди, додека Кемпе и Браун беа трагичари на гостите.

 

Торонто мејпл лифс славеше со убедливи 5-3 во дуелот против Бафало сејберс, па канадскиот состав по петти пат во низа беше подобар од тимот од Атлантик дивизијата.

Голот на Ејшел пред крајот на првиот период ги налути домаќините, па одговорија со четири погодоци во вториот период. Гостите намалија на 4-3 веднаш по стартот на одлучувачката третина, но Капанен ги реши сите дилеми околу оваа средба на две и пол минути пред крајот.

Резултати НХЛ:

Њу Џерси девилс – Монтреал канадиенс 2-1

Торонто мејплс лифс – Бафало сејберс 5-3

Тампа беј лајтнинг – ЛА кингс 3-3 (3-2 на пенали)

Нешвил предаторс – Едмонтон ојлерс 2-2 (2-1 на пенали)

Колорадо аваланш – Флорида пантерс 3-4 (по продолжение)

Ванкувер канукс – Анахејм дакс 4-0

- Оглас -

Најнови вести