Тампа беј се уплаши од здивената Минесота, Сан Хозе го „згази“ Монтреал

Тампа беј лајтнинг претрпе изненадувачки пораз пред своја публика против Минесота вајлд со конечни 0-3. „Дивите“ и трет меч во низа успеваат да триумфираат против лидерот од Источната конференција, а воедно закрепнаа од двата последователни порази од Нешвил претрпени во продолженија.

Херој на гостите беше Зукер со хет-трик (втор во неговата кариера), односно ги постигна сите три гола на средбата, додека голманот Деван Дибник оствари 25 интервенции и практично го оневозможи домашниот состав да извлече подобар резултат од оваа средба.

Бостон бруинс со пресврт во последната третина стигна до победа од 4-3 над Флорида пантерс. Домаќините се најдоа во негатива од еден гол при стартот на решавачкиот период, а во последните четириесет секунди од средбата Бергерон и Грзелчик ја затресоа мрежата и го остварија пресвртот.

Сан Хозе шаркс со убедливи 5-2 ја продолжи победничката серија во меѓусебните дуели против Монтреал канадиенс на осум меча. По два периоди, домаќините водеа со еден гол повеќе, а Мејер и Најквист во последниот период ги решија сите дилеми околу победникот од оваа средба.

Резултати НХЛ:

Бостон бруинс – Флорида пантерс 4-3

Питсбург пингвинс – Колумбус блу џекетс 3-0

Детроит ред вингс – Њујорк ренџерс 2-2 (1-0  на пенали)

Отава сенаторс – Њујорк ајлендерс 2-4

Тампа беј лајтнинг – Минесота вајлд 0-3

Чикаго блекхокс – Бафало сејберс 4-4 (3-1 на пенали)

Далас старс – Колорадо аваланш 4-0

Аризона којотс – Калгари флејмс 2-0

Едмонтон ојлерс – Ванкувер канукс 3-2

ЛА кингс – Сент Луис блус 0-4

Сан Хозе шаркс – Монтреал канадиенс 5-2

 

- Оглас -

Најнови вести