Тандемот на Фулам е без конкуренција, со нив никој не сака дуел во Премиер лигата (Фото)

Фулам го има најсилниот тандем фудбалери за дуел-игра, што посебно се цени во Англија, а Жоао Палиња и Александар Митровиќ се речиси непобедливи кога е во прашање оваа фудбалска категорија.

Португалецот Палиња и буквално е како тенк и на позицијата дефанзивен играч за врска има добиено дури 108 директни дуели со играчите од Премиер лигата.

Фулам одигра 13 натпревари во новата сезона, еден повеќе од грото останати англиски премиерлигаши, но Палиња е недостижен на врвот.

Португалецот беше купен ова лето за 30 милиони фунти од Спортинг Лисабон и засега ги оправда очекувањата.

За Митровиќ се знае дека е еден од најробусните шпицови во Англија, а блеска во континуитет во дресот на Фулам и е втор во категоријата добиени дуели со ривалите, а ги има точно 99.

Лани постави апсолутен рекорд во Чемпионшип според бројот на постигнати голови, ги имаше 43, а и во Премиер лигата продолжи во одлично темпо.

Досега постигна 9 гола и е трет стрелец во една од најсилните фудбалски лиги на светот.

Во Топ-5 според добиени дуели во Премиер лигата, по Палиња и Митровиќ, следуваат Мохамед Салису од Саутхемптон со 98, Томас Соучек од Вест хем со 96 и Бен Ми од Брентфорд со 93.

[PFF] The most challenges won in the Premier League this season. from soccer

- Оглас -

Најнови вести