Најбрзите фудбалери во Лигата на шампионите испаднаа во првата фаза, само Милан има двајца спринтери во Топ-10 (Фото)

Михајло Мудрик од Шахтар Доњецк и Усман Дембеле од Барселона се најбрзите фудбалери во Лигата на шампионите во првата фаза по групи што веќе заврши.

Мудрик и Дембеле истрчаа по 36,6 километри на час, што е најбрзо од сите играчи што настапија во шест натпревари во фазата по групи во елитното евриопско клупско натпреварување.

Но, и двајцата испадна со своите тимови, Шахтар, односно Барселона, и нема да играат во нокаут-фазата во ЛШ, што е шанса за останатите фудбалери да ги престигнат.

Веднаш зад нив е Рафаел Леао од Милан со 36,5 километри на час во спринт на фудбалските терени во ЛШ.

Само Милан има двајца спринтери што се исклучитечно брзи и се во Топ-10 на листата.

[UCL] Fastest players in the Champions League group stage from soccer

- Оглас -

Најнови вести