Танганга ја рогна во облаци, погледнете што правеа Сон и Али (Видео)

Џафет Танганга имаше многу лош удар што заврши десеттина метри над голот на Колчестер на пријателскиот меч што Тотенхем го доби со 3:0, а интересна беше реакцијата на Сон Хеунг-мин и на Деле Али, кои беа на клупата откако играа во првото полувреме.

Двајцата му фатија сеир на 22-годишниот играч, а шутот на Танганга навистина беше многу лош.

Sonny & Dele laughing after Tanganga‘s attempt on goal from soccer

Тотенхем победи со 3:0, а токму Сон и Али беа стрелци. Еден гол постигна и Лукас Моура на додавање на Сон, а сите три погодоци беа постигнати во првото полувреме.

 

- Оглас -

Најнови вести