Тата-мата за фудбал – Со Мартино како селектор Мексико прави чуда

Тата Мартино одлично го предводи Мексико, а популарните „сомбрероси“ имаат 10 победи и само едно реми, против Костарика на Голд купот на вкупно 11 натпревари, откако Аргентинецот им е селектор.

И ноќеска Мексиканците блескаа и го декласираа САД со 3:0 на гостински терен, а импресивен е и податокот дека откако Мартино им е селектор од речиси илјада одиграни минути на 11 натпревари само 14 минути беа во негатива.

Против Венецуела во јуни годинава на пријателски меч Џон Мурилјо им ја затресе мрежата во 18. минута за предност од 1:0, но Роберто Алварадо само 14 минути подовна израмни на 1:1. Потоа Пизаро и Квардадо со по еден погодок му донесоа победа на Мексико.

На сите останати 10 меча под команда на Тата Мартино Мексиканците имаа предност во импресивната серија од 11 меча без пораз, од кои 10 им се победи. И против Костарика победија, но на пенали со 5:4, откако во регуларниот дел мечот заврши нерешено 1:1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести