Првиот медал за северниот сосед Србија на Летните олимписки игри во Париз го освоија Зорана Аруновиќ и Дамир Микец во стрелаштво. Тие го освоија второто место во квалификациите, што значи дека обезбедија најмалку сребрен медал во мешана конкуренција со воздушен пиштол на 10 метри.
Зорана и Дамир за злато ќе се борат во вторник со селекцијата на Турција, која ја претставуваат Севал Тархан и Јусуф Дикеџ, првопласирана двојка од квалификациите.
Интересен е животниот пат на Дамир Микец, кој по татко има словенечко потекло. Неговите баба и дедо по татко потекнуваат од Ново Место, но поради ангажманот на неговиот дедо во поранешната југословенска народна армија, татко му е роден во Битола.
Неговиот татко исто така бил војник и ја запознал неговата мајка, фрлач на диск, во Сента, додека бил сместен таму. Поради респираторните проблеми на неговите повозрасни браќа Игор и Горан, неговото семејство се преселило во Сплит, поради придобивките од морскиот воздух и климата.
По избувнувањето на војната за независност во Хратска, неговото семејство се преселило во Херцег Нови. Конечно, во 1997 година, неговото семејство се преселило на Петлово Брдо во Белград, каде што ја завршил последната година од основното училиште и го започнал средното училиште, По бомбардирањето на Југославија од страна на НАТО, тој започнал да тренира стрелаштво на наговор на неговата мајка и Сречко Пејовиќ.
Дамир Микец е оженет со салвадорската стрелачка Мелиса Перез, која ја запознал во 2005 година, и со која има две деца, син Милан Рикардо (роден 2015 година) и ќерка Миа Ванеса (родена 2020 година).