Татко ѝ освои златен медал за Југославија, а таа се радуваше на поразот на Ѓоковиќ (Видео)

Француската тенисерка Кристина Младеновиќ, која во моментов се наожа на 53-тото место на ВТА листата, иако има српско потекло, со целото срце навиваше за Доминик Тим во дуелот со Србинот Новак Ѓоковиќ. Велат крвта не е вода, но овојпат кај популарната Кики преовладеа срцето.

Таа од 2017 година е девојка на Австриецот, па се радуваше на секој загубен поен на Ѓоковиќ, нешто што е реткост кај Срби, или луѓе кои имаат српско потекло.

Кристина е родена во Франција, нејзината мајка Џенита е поранешна одбојкарка, а таткото Драган беше ракометар и со репрезентацијата на поранешна Југославија, освои златен медал на олимписките игри во Лос Анџелес во 1984 година.

Еве како Кики се радуваше кога Ноле ќе загубеше поен:

- Оглас -

Најнови вести