Таткото на Меси по пристигнувањето во Барселона: Ништо не знам!

Десетици новинари утрово го печекаа Хорхе Меси, таткото на Лионел, пред аеродромот во Барселона. Хорхе дојде за да се сретне со Жозеп Бартомеу, првиот човек на Каталонците, за да разговара околу иднината на неговиот син.

Познато е дека таткото на Меси ќе побара да се раскине договорот меѓу неговиот син и шпанскиот вицепрвак, додека Бартомеу со контрапонуда, односно со двегодишен договор ќе го убедува Хорхе дека Меси треба да остане на „Камп ноу“.

Кога го „нападнаа“ со прашања, Хорхе кратко одговори дека ништо не знае и веднаш влезе во автомобилот. Може да се претпостави дека состанокот ќе трае неколку часа, пред да се дознае крајниот епилог.

- Оглас -

Најнови вести