Таунс и Вучевиќ се тандем за плус поени во НБА лигата

Никола Вучевиќ (Кливленд кавалирс – Орландо меџик, НБА, 00.00 часот)

Никола Вучевиќ ја игра најдобрата сезона во кариерата, а вечерва и ќе нема достоен противник под кошот. Кај Кливленд надвор од строј се и Тристан Томпсон и Анте Жижиќ, па некако и принудно центар ќе игра Лери Ненси јуниор. Тој е добар одбранбен играч, но домаќините се тенки под обрачите за дуелот со Орландо.

Тоа може да го искористи Вучевиќ, кој сезонава честопати ја надминуваше границата од 21.5 поени, колку што е прагот поставен во додатокот на Sport Life за НБА лигата.

Предлог тип: Вучевиќ > 21.5 поени (2.00)

 

Џеди Осман ( Кливленд кавалирс – Орландо меџик, НБА, 00.00 часот)

Ќе го искористиме дуелот во Кливленд за уште еден предлог тип со индивидуален тотал, овојпат на Џеди Осман. Охриѓанецот сезонава игра одлично, се наметна како еден од лидерите на Кавалирс, иако тимот нема успех и нема да игра во плејофот.

Осман може да ја надмине границата од 13.5 поени, особено ноќеска против Орландо, во ситуација кога кај Кливленд ги нема Кевин Лав, Џеј Ар Смит и уште неколку значајни алки во тимот.

Предлог тип: Осман > 13.5 поени (1.87)

 

Карл Ентони Таунс (Вашингтон визардс – Минесота тимбервулфс, НБА, 00.00 часот)

Центарот на Минесота игра во животна форма, а во последно време се претвори во вистинска машина за кошеви. Последните три меча откако се врати по повредата ги одигра импресивно, а почна со 34 поени против Сакраменто, продолжи со 37 со Атланта, а блескаше и против Индијана пред три дена со импресивни 42 поени.

Вечерва противник ќе му биде Боби Портис, играч кој не може да го сопре Таунс. Границата е 26.5 поени, а очекуваме серијата на одличниот центар на Минесота од 30+ поени да продолжи.

Предлог тип: Таунс > 26.5 поени (1.85)

 

Бредли Бил (Вашингтон визардс – Минесота тимбервулфс, НБА, 00.00 часот)

Повторно ќе одиграме тандем кошаркари на ист меч, а очекуваме и извонредниот бек шутер на Визардс, Бредли Бил да блеска ноќеска. Има серија од 7 меча на кои постигнува повеќе поени од границата од 27.5 поени, колку што е границата во Sport Life.

Бил има и една голема предност, оддамна не игра повредениот Џон Вол, кој троши многу топки, па сега Бредли е неприкосновен во нападот и тој е прва опција за кошеви во тимот на Вашингтон.

Предлог тип: Бил > 27.5 поени (1.90)

 

Колумбус блу џекетс – Винипег џетс (НХЛ, 01.00 часот)

Во НХЛ почнува послендиот период од регуларниот дел и се фаќаат позиции за плејофот, а вечерва и дуелот меѓу Колумбус и Винипег е од тој ранг.

Блу џекетс претрпеа неочекуван пораз од Едмонтон со 0:4 и ќе бараат рехабилитација, но на гости им доаѓа еден од најдобрите тимови во НХЛ, Винипег.

Канаѓаните пред стартот на сезоната дури беа истакнувани како топ кандидати за титулта, но засега се на третата позиција во западната конференција. Имаат шанса и за првото место, но ќе мораат да победуваат во континуитет.

Иако Колумбус е фаворит според коефициентите, веруваме дека гостите ќе им се радуваат на бодовите.

Предлог тип: 2 (2.65)

 

- Оглас -

Најнови вести