Тажен ден за ракометот, Микел Хансен официјално кажа дека става крај на кариерата!

Најдобриот дански ракометар на сите времиња, 36-годишниот бек Микел Хансен, официјално на прес-конференција потврди дека ја завршува кариерата по завршувањето на сезонава, иако договорот со клубот Алборг му беше до летото 2025 година.

„Речиси по 20 години играње, бев привилегиран да го имам најдоброто хоби на светот како моја работа, сега сум подготвен да повлечам линија и да кажам благодарам за овој пат што го изминав. Отсекогаш сум сакал да играм со топката и да доаѓам на тренинзи и натпревари, но по многу размислување, дојдов до момент во мојот живот кога моето семејство и новите возбудливи авантури мора да ми станат приоритет. Благодарен сум им на сите фантастични луѓе што ги запознав и искуствата што ги имав низ ракометот. Конкретно, голема благодарност мора да се упатам до моето семејство, кое секогаш ме поддржувало, како и до клубовите кои ги претставував“, рече Хансен.

Директорот Јан Ларсен од Алборг жали за одлуката на Хансен, но и целосно го разбира.

„Во име на Алборг, секако ни е жал за изборот на Микел, но во исто време имаме целосно разбирање и почит за одлуката. Иако ќе има само две сезони во клубот, со своето присуство Микел успеа да го крене клубот на сосема ново ниво, и на теренот и надвор од него. Тој несомнено е најдобриот дански ракометар во историјата и неговото доаѓање во клубот создаде зголемен интерес за нас и воопшто за данската машка лига“, рече Ларсен.

Хансен со репрезентацијата освојуваше златни медали на Олимписките игри, Светското првенство, Европското првенство, а од големите трофеи му фали само клупска титула од Лигата на шампионите. Алборг е четвртфиналист во ЛШ сезонава, но не е во првиот ред на фаворити за титулата, па славниот Хансен веројатно ќе остане без овој трофеј во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести