Тажен ден за Црвена ѕвезда, почина легендата која даде три гола во полуфинале на КЕШ

На 81-годишна возраст почина легендата на Црвена ѕвезда, Стеван Остојиќ.

Тој играше за Ѕвезда од 1966 до 1973 година (со прекин во 1970 година кога осум месеци беше во Монако) и на 277 меча даде 156 гола, а врв во кариерата му беше хет-трикот против Панатинаикос во победата од 4-1 во полуфиналето на Купот на европските шампиони во 1971 година.

Црвено-белите загубија на реваншот во Атина со 0-3, па не успеаја да се пласираат во финалето, нешто што го направија 20 години подоцна кога се искачија на европскиот трон. Ако Ѕвезда влезеше во финале во таа 1971 година, покојниот Остојиќ ќе беше еден од најзаслужните.

- Оглас -

Најнови вести