Раководството на турскиот клуб Хатајспор најави дека ќе се откаже од натпреварувањето во Суперлигата на Турција поради специфичната ситуација и земјотресот што сериозно го погоди ова подрачје.
Веста ја соопшти Мехмет Бујукекши, првиот човек на Турската фудбалска федерација, а неизвесно е дали и Газијантеп ќе побара да отстапи од натпреварувањето во Суперлигата на Турција.
Член на Газијантеп е македонскиот младински репрезентативец Лука Станковски, кој беше во Скопје на дводневен одмор кога стресе земјотресот со епицентар на 17 километри од Газијантеп со сила од 7,8 степени по Рихтер.
TFF Başkanı Mehmet Büyükekşi: Hatayspor kulübü bugün yazı gönderdi. Bu sezon maçlarını oynamayacağını bize bildirdi. Gaziantep FK da ligden çekilmek isterse bu iki kulübümüzün hakları baki kalmak kaydıyla 17 takımla yola devam etmek planlarımız arasında. pic.twitter.com/EX14JCKE4Z
— VOLE (@VOLEapp) February 9, 2023
Сепак, се чини дека тажната приказна на Хатајспор може да се избегне со помош на ривалите.
Али Коч, кој е прв човек на Унијата на клубовите во Турција и претседател на Фенербахче, најави акција за спас на Хатајспор и на Газијантеп, а вети дека прволигашите ќе соберат пари колку што се буџетите на двете екипи за да можат непречено да ја завршат сезоната.
https://twitter.com/12numaraorg/status/1623735145462222848?s=20&t=kbly7w4GTDIeoXBYEXslmA
Во таборот на Хатајспор сè уште трагаат по исчезнатиот фудбалер Кристијан Атсу. Најпрво беше објавено дека е најден под рушевините на една зграда во Антакија, но подоцна беше демантирано и тој сè уште се води како исчезнат.