Тажна вест – Почина Ацуле, долгогодишниот прв човек на Победа Прилеп

Денеска на 74-годишна возраст почина Александар Забрчанец, или како што сите го познаваа во макфудбалот, Ацуле, долгогодишниот прв човек на Победа Прилеп.

Во редовите на познатиот клуб од Прилеп беше од 1979 година, а 17 години подоцна стана и директор на Победа, потоа и претседател на клубот.

Со него на чело, прилепчани освоија две шампионски титули, еден куп, а ги играа и незаборавните европски дуели со Парма, Перуџа, Хамбургер…

- Оглас -

Најнови вести