Тажна вест: Почина една од најголемите легенди на белградскиот Партизан

Белградскиот Партизан и неговите фанови тагуваат, на 71-годишна возраст почина Момчило Моца Вукотиќ, некогашниот легендарен член на Црно-белите за коишто одигра дури 791 меч и постигна 339 голови.

Вукотиќ ја загуби битката со болеста, но ќе остане запаметен како еден од најголемите партизановци во историјата. Освои три титули во првенството на некогашна Југославија (во 1976, 1978 и 1983 година), а за репрезентацијата играше само 14 пати и даде четири гола.

Повеќе одиграни мечеви во дресот на Партизан има само Саша Илиќ, а Вукотиќ е и четврти стрелец во клупската историја.

Кариерата ја заврши во Партизан во 1984 година, а во 1988 почна тренерска кариера, се разбира, прв клуб му беше Партизан, но како тренер најдолго работеше во Грција и Кипар.

- Оглас -

Најнови вести