Тбилиси е среќен за гостинските репрезентации – Италија оди на Мундијал, билет денеска чекаат уште пет репрезентации

Италија ќе игра на Светското првенство во кошарка идната година по победата против Грузија во Тбилиси вечерва со 85:84.

Градот во кој и Македонија пред две години обезбеди историски настап на Европско првенство во фудбал со победа од 1:0 против Грузија, денеска беше среќен за Аѕурите.

Грузијците имаа предност од пет поени во последната четвртина, водеа со 74:69 и потоа како да застанаа, па Италија искористи и со серија од 14:4 направи пресврт и поведе со 83:78.

Потоа имаше нова драма, а Грузија се доближи на минус од еден поен, 84:85, но немаше сили за пресврт.

Италија е четвртата репрезентација со Летонија, Германија и Финска што веќе обезбедија настап на Светското првенство во Јапонија, Филипини и Индонезија идната година.

Денеска шанса со победа да обезбедат мундијалски билет имаат и Грција, Словенија, Франција, Литванија и Шпанија.

 

- Оглас -

Најнови вести