Театарот од соништата вчера беше „Театар на драмата“ (видео)

Дербито од третото коло донесе доста возбудувања и можеби по малку изненадувачки резултат во корист на Манчестер јунајтед, со кој се потврди катастрофалниот старт на Ливерпул во новата сезона.

Во сите 90 минути имаше по нешто интересно да се забележи на „Олд Трафорд“. Еден од повпечатливите моменти беше по првиот гол на Џејдон Санчо. Во казнената зона Англичанецот со потези како на мал фудбал ја изигра одбраната, премногу лесно ги помина и реализира гол толку што ги натера Милнер и Ван Дајк да се расправаат на теренот. Двајцата се виновници за примениот гол, но постариот Џејмс беше тој што со дерење му држеше лекција на холандскиот стопер.

До важен гол за него, но недоволен за екипата, стигна Мохамед Салах. Фараонот е прв фудбалер на Ливерпул со 10 погодоци против големиот ривал, намали на 2-1 во последните десетина минути, а при таа ситуација Салах влезе во клинч со Бруно Фернандеш.

Португалецот не сакаше веднаш да ја даде топката, додека на гостите им се брзаше, па двете ѕвезди се најдоа во недоразбирање. И Фирмино дотрча да му помогне на Салах, а Бруно сакаше сам да ја однесе топката на центар, и тоа без брзање.

„Театарот од соништата“ приреди уште една драма, што за нас како неутрални фудбалски фанови беше добредојдено и посакуваме повеќе разгорени натпревари во тековната сезона.

- Оглас -

Најнови вести