Технологијата не греши, На Ван Дајк му фалеа сантиметри за гол (Фото)

Вирџил Ван Дајк беше многу блиску до израмнувачки погодок во 57. минута од мечот за пехарот во Комјунити шилд, но му фалеа сантиметри за да погоди.

Топката по ударот на стоперот на Ливерпул, заврши зад грбот на голманот на Манчестер сити, Клаудио Браво, но не беше со целиот обем во голот.

Веднаш потоа Рахим Стерлинг промаши чист зицер, а казни Жоел Матип со гол за израмнување  во 77. минута. Ако мечот заврши нерешено, за победникот ќе одлучуваат пеналите.

- Оглас -

Најнови вести