Тејлор Фриц ја прекина перфектната година на Надал и го освои Индијан Велс

Американецот Тејлор Фриц е освојувач на АТП мастерс 1000 турнирот во Индијан Велс откако во финалето го победи Рафа Надал со 6:3, 7:6 (7:5).

За шпанскиот рекет ова значеше крај на перфектната серија од 20 едноподруго победи од почетокот на годината.

„Честитки за Тејлор, кој навистина одигра одлично. Едноставно, беше подобар од мене и сосема заслужено дојде до титулата. Ти посакувам среќа во иднина и на наредните турнири“, изјави Надал по првиот пораз годинава.

Со победата на „петтиот гренслем“, Фриц ќе инкасира околу 1,.2 милиони американски долари. Следен голем турнир од АТП мастерс 1000 серијата е во Мајами, кој стартува од утре, а потоа следува преселба во Европа на земјените терени.

- Оглас -

Најнови вести