Лавината од Колорадо урива се пред себе, ноќеска ќе запише одлична десетка

8716 Џејсон Тејтум (НБА, Бостон – Бруклин, 01 часот)

Џејлен Браун е повреден, па уште пред почетокот на плејоф серијата против Бруклин се знаеше дека Џејсон Тејтум ќе биде главниот адут за изненадување на Селтикс против првиот фаворит за титулата.

Тејтум беше скромен на првите два меча на гости, што Бостон ги загуби, но се разбуди на третиот натпревар и со 50 поени и блескава партија баскет ги врати надежите на Келтите за подвиг.

Ноќеска покрај Браун, кој сигурно нема да игра, неизвесен е и настапот на Кемба Вокер, што само ќе му отвори повеќе простор, но и ќе донесе повеќе одговорност на плеќите на извонредниот кошаркар на Бостон.

Тејтум изгледаше незадржливо на третиот мечи типуваме дека повторно ќе биде ефикасен, како главно оружје на домашниот тим во нападот.

Предлог тип: >32.5 поени (1.80)

 

8720 Кевин Дурант (НБА, Бостон – Бруклин, 01 часот)

Дурант е еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА, а плени неговата вештина и квалитет. Може да игра и буквално на сите позиции, а игра како да не бил отсутен над една година од НБА  терените.

Просекот во плејоф серијата против Бостон му е над 32 поени, што и не е лесно покрај потроѓувачи на топки какви што се Кајри Ирвинг и Џејмс Харден.

Сепак атлетските карактеристики на Дурант, кој е висок 208 сантиметри со долг распон на рацете и извонредна техника му дава предност против било кој ривал во НБА лигата.

Кевин е незадржлив, игра брилијантно и типуваме дека ќе го задржи, или поправи просекот во дуелите со Бостон.

Предлог тип: >28.5 поени (1.85)

 

8902 Лука Дончиќ (НБА, Далас – Л.А. Клиперс, 03.30 часот)

Дончиќ созреа и стана комплетен играч во што му помогна исклучитечно добрата сезона. И во плејофот против еден од топ-кандидатите за титулата, Словенецот игра фантастично и со соиграчите најавува подвиг и елиминација на моќниот тим на Лос Анџелес клиперс.

Моментно Далас води со 2:1 во победи, а Дончиќ игра прекрасно. На сите три меча постигнуваше над 30 поени и тоа постојано од меч во меч го зголемува просекот.

Почна со 31 поен против Клиперс, продолжи со 39, а на последниот меч броеше до 44. Патем блиску е и до трипл-дабл просек што дава посебна тежина на неговите претстави.

Имаше одредени најави дека Лука има проблем со повреда, но тој игра и тоа брилијантно, па понудата во Sport Life да направи триплета од 47.5 поени, асистенции и скокови изгледа многу примамлива.

Предлог тип: >47.5 поени+асистенции+скокови (1.87)

 

8730 Кавај Ленард (НБА, Далас – Л.А. Клиперс, 03.30 часот)

Ленард беше главниот фактор Лос Анџелес клиперс да не се најде пред метла против Далас маверикс и неговата партија баскет со 36 поени, 8 скока и три асистенции му помогна на тимот да победи на гости по двата порази на домашен терен и да се врати во игра за пласман во полуфиналето на Западната конференција.

Двапати беше шампион на НБА со два различни тима, Сан Антонио спарс и Торонто репторс, па сега мисијата е да направи хет-трик со шампиуонска круна во Лос Анџелес клиперс.

Околу него се врти целата игра на тимот од Ел-еј, а Кавај знае да се носи со товарот, како еден од најдобрите кошаркари на денешницата.

Серијата против Далас ја почна со 26 поени, потоа постигна 41, па 36 што е добар знак дека повторно може да постигне над триесетка, во случајот ноќеска и над 31 поен.

Предлог тип: >31.5 поени (1.80)

 

8984 Колорадо авеланш – Лас Вегас најтс (НХЛ, 02 часот)

Колорадо го тресе истата грозница на мраз од 1996 и 2001 година кога Авеланш беа прваци во НХЛ лигата, предводени од легендардните хокеари Џо Сакиќ, Петер Форсберг, голманот Патрик Рој, во една исклучителна генерација на играчи што доминираа во најсилната лига на светот.

Сега на мразот одлично газат некои нови момци, а ги предводи извонредниот стрелец Нејтан Мекинон. Колорадо и буквално го збриша од мразот прекланскиот првак Сент Луис со 4:0 вопрвото коло и најави дека има шампионски амбиции.

Авеланш имаат 9 победи по ред сметајќи го и финишот на регуларниот дел во НХЛ, па очекуваат и десетка. Домаќините се и поодморни од ривалот, бидејќи лесно го прегазија Сент Луис, а Лас Вегас играше долга серија во 7 меча против Минесота вајлд.

Најтс и Авеланш беа посочени како топ-5 фаворити за пехарот во НХЛ и пред почетокот на сезоната, па ова на некој начин ќе биде и финале пред финалето.

Предност ќе му дадеме на Колорадо на почетокот на возбудлива серија во плејофот, најмногу поради страшната форма и подолгиот одмор на хокеарите на домашниот тим.

Предлог тип: 1 (1.91)

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести