Тренерот на Ајакс лут бидејќи неговите играчи заборавиле да играат фудбал

Ајакс има предност од 1-0 и важен гол на гости пред реваншот со Тотенхем во полуфиналето од Лигата на шампионите. Екипата од Амстердам вчера направи голем подвиг и сега е на чекор од пласман до финалето, успех кој го чекаат да се оствари веќе 23 години.

Тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг, беше задоволен од своите избраници и начинот на кој дојдоа до победата над Тотенхем.

„Извонредна вечер и извонреден резултат за нас. Тргнавме јако, притиснавме и заслуживме да постигнеме гол. Се боревме како лавови, потполно доминиравме, но потоа како да заборавивме да играме фудбал. Моравме да постигнеме повеќе голови, посебно во периодот во кој доминиравме. Потоа противникот почна да биде директен и поконкретен во нападите. Се појавија проблеми, но дадовме отпор и заслужено победивме“, истакна Тен Хаг.

Реваншот на „Јохан Кројф“ арена е закажан за 8 мај, додека вечерва на „Камп Ноу“ ќе се игра првиот меч од второто полуфинале меѓу Барселона и Ливерпул.

 

- Оглас -

Најнови вести