Тен Хаг на трансфер-листата стави петмина фудбалери, меѓу нив е и играчот што навивачите одамна сакаат да си замине

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, одлучи да се откаже од петмина играчи на крајот од сезоната. Весникот „Мирор“ пишува дека станува збор за капитенот Хари Мегваер, Антони Марсијал, Скот Мектомини, Алекс Телеш и Ерик Баји.

Весникот исто така пишува дека Тен Хаг ја има целосната доверба на управата бидејќи успеа екипата да ја врати во врвот на англискиот фудбал, Црвените ѓаволи ќе играат во финалето на Лига купот, се наоѓаат на позиција на табелата која носи во Лигата на шампионите, а екипата под негово водство не е инфериорна во дуелите со најсилните екипи како што беше изминатите години.

„Тен Хаг веќе почна да планира голема чистка на крајот на сезоната. На списокот има петмина фудбалери, а меѓу нив е и Мегваер, кој е капитен на клубот. Некои од нив станаа вишок по доаѓањето на Вут Вегхорст и Марсел Сабицер, а некои едноставно не успеаја да се наметнат кај Тен Хаг“, пишува „Мирор“.

- Оглас -

Најнови вести