Тен Хаг не штедеше пофални зборови за Челзи

Не толку одамна дуелите меѓу Челзи и Манчестер јунајтед знаеја да бидат дури и решавачки околу шампионот во Англија, а овојпат тоа ќе биде пресметка на клубови кои се далеку од врвот. Челзи е на 12-тото место на табелата само со 40 бода, а Манчестер досега освои 48 бода и е на шестото место само со теоретски шанси да се бори за позициите кои водат во Лигата на шампионите за следната сезона.

Челзи е во добра форма и има само еден пораз во последните девет средби, а тоа добро го знае и тренерот на Црвените ѓаволи, Ерик тен Хаг. Стратегот на Јунајтед имаше пофални зборови за Челзи.

„Ова е многу тешко првенство. На секој клуб може да му се случи да нема добра сезона. Челзи нема некоја фантастична сезона, но тоа е тим кој може да победи секого. Тоа го покажаа неколку пати сезонава“, вели Тен Хаг пред пресметката со лондонскиот ривал.

- Оглас -

Најнови вести