35.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Тен Хаг по дебаклот ги натера своите фудбалерите да го слушаат славјето на играчите на Ливерпул

Фудбалерите на Манчестер јунајтед вчера во најголемото англиско дерби беа понижени од Ливерпул, на „Енфилд“ загубија со неверојатни 7:0, по што менаџерот на Црвените ѓаволи, Ерик тен Хаг, денеска ги казни своите играчи.

Тен Хаг уште во соблекувалната по натпреварот им порачал на фудбалерите дека треба да бидат среќни што се враќаат во Манчестер со клупскиот автобус, а не со навивачите кои платија од свој џеб за да допатуваат во Ливерпул.

https://twitter.com/ManUnitedXtra_/status/1632806023571406854?s=20

Холанѓанецот исто така денешниот утрински тренинг го закажал за 9 часот, а тој самиот пристигнал во тренинг центарот уште во седум часот.

Кога фудбалерите пристигнале во тренинг центарот, Тен Хаг ги натерал да го слушаат славјето на фудбалерите и навивачите на Ливепрул и притоа им се заканил дека ќе ги испрати во вториот тим ако им се случи нешто слично уште еднаш.

- Оглас -

Најнови вести