Варан ги построи фудбалерите на Манчестер и им покажа што треба да направат по дебаклот од 0:7 (Видео)

Манчестер јунајтед претрпе пораз каков што клубот не памти низ историјата во дуелите против најголемиот ривал Ливерпул откако вчера беше понижен на „Енфилд роуд“ со 7:0. Гостинските фудбалери едвај чекаа да го напуштат теренот каде што го доживеаја најголемиот срам, а Рафаел Варан направи потегот кој е за почит.

Некогашната ѕвезда на Реал Мадрид и на француската репрезентација ги повика соиграчите да не одат веднаш кон соблекувалната, туку сите да се соберат и заедно да застанат пред делот од трибината каде што беа нивните навивачи, што допатуваа во Ливепрул и беа сведоци на срамниот пораз.

Едноставно, Варан знае пред кого треба да се застане и да се побара извинување за ваквата очајна игра.

- Оглас -

Најнови вести