Тен Хаг се налути: Ако не ме сакаат тука, ќе одам на друго место да освојувам трофеи

Манчестер јунајтед и втората сезона по ред со Ерик Тен Хаг на клупата, завршува со освоен трофеј. Холандскиот стратег пред две години седна на клупата на англискиот гигант и во првата сезона го освои Лига Купот. Сезонава ја завршува со пехар во ФА Купот, откако во финалето со 2:1 го победи фаворизираниот Манчестер сити.

Иако го освои трофејот во ФА Купот, останува неизвесно дали Тен Хаг ќе остане тренер на гигантот од „Олд Трафорд“. Постојани се шпекулациите за неговото заминување, а Холанѓанецот доби самодоверба по победата во ФА Купот и имаше моќна порака.

„Не знам дали ќе останам тренер во Манчестер. Во фудбалот најзначајни се трофеите, но јас сакам да играме напаѓачки и динамичен фудбал. На тој начин да доаѓаме до трофеите. Важно е да имаме таков менталитет. Игравме три финалиња и освоивме две титули, тоа не е лошо. Сепак, ако тука не ме сакаат ќе одам на некое друго место да освојувам трофеи. Тоа е единственото што може да го направам“, рече Тен Хаг.

 

- Оглас -

Најнови вести