Тен Хаг се налути: Го слушна прашањето на новинарот, не му се допадна и си замина од прес-конференцијата (Видео)

Манчестер јунајтед вчера одигра само 2-2 на гостувањето кај Бурнмаут, па револтот кај навивачите уште повеќе се зголеми, кои бараат оставка од тренерот Ерик тен Хаг, во кого гледаат најголем виновник за лошите резултати.

„Црвените ѓаволи“ во моментов се на седмата позиција, но ако продолжат со лошите резултати може да паднат уште подолу, што би бил најлошиот пласман на Манчестер јунајтед во Премиер лигата. Токму тоа беше прашањето кое го доби Тен Хаг на прес-конференцијата.

„Не одговарам на вакви прашања. Тоа воопшто не е важно во овој момент.“ – рече холандскиот тренер и ја напушти прес-конференцијата.

- Оглас -

Најнови вести