И Медведев се приклучи да ја брани Украина

Приказната дека украинскиот тенисер Сергеј Стаховски дека веднаш по завршување на кариерата, ѝ се приклучи на војската за одбрана на својата земја ја обиколи целиот свет. Стаховски стана инспирација за голем број луѓе да се приклучат во одбрана на Украина.

Последен во низата е Андриј Медведев. Најуспешниот тенисер во историјата на Украина реши да му се приклучи на Стаховски и да биде дел од војската на Украина.

„Светската тениска легенда Андриј Медведев остана во Киев и е подготовен да го пречека непријателот. Неверојатно сум среќен што го гледам капитенот на украинската тениска репрезентација. Украински патриот“, напиша Стаховски на фотографијата со Медведев.

Медведев во кариерата освои 11 големи АТП-турнири, а во 1999 година играше во финалето на Ролан Гарос, но загуби од Андре Агаси. Украинецот беше на четвртото место на АТП-листата во 1994 година, а во кариерата има победувано во дуели со легенди како Пит Сампрас, Горан Иванишевиќ, Иван Лендл и Штефан Едберг.

- Оглас -

Најнови вести