Двократната гренслем шампионка, Наоми Осака, тргна одлично на САД опен, ја победи Јелена Остапенко со 6-3, 6-2 во пресметката на две некогашни гренслем шампионки и покажа дека е во добра форма после паузата од една година која ја имаше бидејќи стана мајка.
Она со што јапонската тенисерка дополнително ги шокираше присутните во Њујорк беше нејзината облека со која се појави на терен.
Штом Наоми излезе на теренот, не можеше да се избегне впечатливиот изглед на јапонската тенисерка. Таа го привлече вниманието со светло зелениот тениски фустан, кој се покажа дека е синхронизиран со најновите модни трендови.
Bowing to the Queen of Fashion, @naomiosaka 🎀 pic.twitter.com/7ngPZLOFdE
— US Open Tennis (@usopen) August 27, 2024