27.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Тенисерки за малку ќе се испотепаа на терен (Видео)

На ИТФ турнирот во Лас Вегас малку недостасуваше да има нешто повеќе од тениски дуел меѓу Кетрин Себов (20) и Алиса Паркс (18). Себов која како 256-та тенисерка на ВТА листата беше фаворитка, на крајот се радуваше против 410-то рангираната Паркс со 6:0 и 7:6 во сетови.

По завршување на последниот поен, победничката викна во знак на радост, а потоа следуваше реакција од Паркс. Кога дојдоа двете тенисерки на мрежа, наместо да си подадат рака, започна тензија. Тоа веднаш го забележа и главниот судија, кој скокна од столчето и навреме спречи физички контакт. Потоа од трибината се појави и таткото на Паркс, кој се обиде да ја смири ситуацијата.

 

 

- Оглас -

Најнови вести