Тенисерките во контранапад на Ролан Гарос ја заштитија Серена Вилијамс

Здружението на светските тенисерки, ВТА ги заштити своите членки, тенисерките, со нова промена на правилата, која предвидува заштита на рангирањето на сите што се враќаат на теренот по породилно отсуство.

Годинава, Серена Вилијамс на некој начин беше оштетена бидејќи не беше рангирана како носителка на „Ролан Гарос“, иако е најтрофејната активна тенисерка. Гренд слем турнирот во Париз ѝ беше прв откако ја роди ќерката Алексис Олимпија, а паузата ѝ го урна рејтингот на ВТА, па не можеше да биде меѓу носителките на престижниот турнир.

Со новото правило, во ваков случај тенисерките ќе имаат заштитен рејтинг, и тоа до третата година на новороденчето. ВТА застана и во одбрана на помладата од сестрите Вилијамс  по предупредувањето на организаторите на Ролан Гарос дека нема повторно да дозволат да носи спортска опрема во црна боја.

Од ВТА објавија дека црниот комбинезон Вилјамс го носела од здравствени причини.

 

- Оглас -

Најнови вести