Тенисерот збесна кога судијата не му дозволи да оди во тоалет: Ќе мо*ам во шише! (Видео)

Во најнеизвесниот меч од првиот ден на Отвореното првенство на Австралија, Денис Шаповалов со 3:2 во сетови го победи Јаник Синер од Италија. Сипер поведе со 6:3, а потоа Шаповалов ги доби следните два сета со 6:3, 6:2. Во четвртиот Синер беше подобар со 6:4 за во решавачкиот петти сет Канаѓанецот успеја да победи со 6:4 и по безмалку четири часа игра да се пласира во второто коло.

Освен драмата во играта, во четвртиот сет имаше една невообичаена ситуација. Шаповалов од судијата побара да оди во тоалет, но не доби дозвола. Претходно Шаповалов бараше помош од физиотерапевт, па судијата веројатно не сакаше да му даде втора пауза, но на тенисерот тоа не му се допадна и почна да вика.

„Што ако одам во тоалет? Ќе ме казниш ли? Не ме интересира. Што ако одам во тоалет, ќе ме дисквалификуваш? Не можам да издржам, ќе се помочам во гаќи. Ќе треба да мочам тука на теренот. Да мочам во шише. Не им дозволуваш на тенисерите да одат во тоалет“, викаше Шаповалов кон судијата.

На крајот, судијата дозволи тенисерот да оди во тоалет.

 

 

- Оглас -

Најнови вести