Тениска историја: Меч заврши во пет часот наутро (Видео)

Александер Зверев го победи Џејсон Бруксби во меч кој испиша нова тениска историја. На турнирот во Акапулко, Мексико, Зверев победи со 2:1 во сетови, во дуел кој заврши во 4 часот и 55 минути наутро.

Никогаш  во историјата немало тениски дуел кој завршил подоцна. Претходниот рекорд во држеа Маркос Багдатис и Лејтон Хјуит, кои на Отвореното првенство на Австралија во 2008 година одиграа меч кој заврши во четири часот и 34 минути наутро.

Рекордот не е за најдолг меч во историјата, туку за најдоцна завршен дуел. Зверев и Беуксби својот меч го започнаа во 1:20 часот наутро и завршија во 4:55 часот. Интересно е дека вториот сет траеше дури 110 минути, односно речиси два часа.

„Среќен сум што победив. Не знам како се чувствува Џејсон, сигурно му е тешко. Среќен сум што станавме дел од тениската историја. Ова беше неверјатна борба“, рече Зверев по победата со 3:6, 7:6 (12), 6:2.

https://twitter.com/i/status/1496076599229403139

- Оглас -

Најнови вести