Тениска кражба на векот? Играч освои меч поен, а на крајот сепак загуби (Видео)

Невиден скандал се случи на АТП 250 турнирот во Хјустон. На дуелот помеѓу Стивен Диес и Гајс Брауер, Канаѓанецот Диес освои поен на крајот на вториот сет и судијата објави „гем, сет и меч“.

Но, наместо поздрав, Холанѓанецот Брауер побара судијата Амир Боргеи да види каде паднало топчето, сомневајќи се дека било аут при сервисот.

Судијата ја смени одлуката и реши поенот да се преигра. Диес беше во шок, го загуби поенот, го загуби гејмот, подоцна и сетот со 5-7, а немаше нерви и за играње на третиот сет, во кој Брауер славеше со 6-2.

- Оглас -

Најнови вести