Тениска лекција за легендата – Хуркач го декласира Федерер на Вимбдлон

Хуберт Хуркач одигра маестрален меч и за првпат во кариерата ќе игра во полуфиналето на Вимблдон, а учествуваше во можеби и последниот меч на Роџер Федерер на престижниот гренслем во Лондон.

Полјакот беше подобар од осумкратниот шампион на Вимблдон и славеше со 6:3, 7:6, 6:0 и за првпат ќе игра полуфинале во Лондон.

Федерер веројатно го одигра и последниот меч на Вимблдон бидејќи во август ќе наполни 40 години. Шансата за пресврт и пласман во ново полуфинале ја пропушти во тај-брејкот во вториот сет, што го загуби со 7:4 во поени, а потоа сè беше во знакот на разиграниот Хуркач.

За половина час Полјакот го доби последниот сет без загубен гем и ќе игра против победникот од дуелот меѓу Беретини и Ожие-Алијасим, што е во тек.

- Оглас -

Најнови вести