Тениски велемајстор – Новак сече тенко и хируршки прецизно, го чека Надал во мега-дуел на Ролан Гарос (Видео)

Новак Ѓоковиќ лесно го победи Диего Шварцман со 3:0 во сетови, а повторно воодушеви со препознатливиот стил на игра и дузина велемајсторски потези.

Неколкупати со атрактивни удари ја креваше публиката на Ролан Гарос на нозе, а особено убави беа скратените топки за кои Шварцман немаше решение.

На почетокот на третиот сет, Ѓоковиќ го одигра најубавиот потег и умешно со скратена топка на мрежа освои поен.

Во четвртфиналето првиот носител на гренслемот во Париз ќе игра против Рафаел Надал, или Феликс Оже-Алијасим. Тој меч треба да почне по 16 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести