Тениското Ел Класико во Париз е маратонско, Новак и Рафа водат борба за секој поен

Двајцата најтрофејни тенисери на денешницата, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, водат неверојатна битка во четвртфиналето на „Ролан Гарос“. Првите два сета траеја 2 часа и 17 минути, а резултатот е 1-1 (6-2 за Надал, па 6-4 за Ѓоковиќ).

Надал почна фуриозно, доби 9 од првите 11 гејма во мечот, но Ѓоковиќ одеднаш заигра најдобро што знае и доби шест од следните седум, па сега моментумот е на негова страна.

Инаку Надал, кој е 13-кратен освојувач на парискиот гренслем, само еднаш загубил меч на „Ролан Гарос“ по водство од 1-0 во сетови, и тоа лани против Ѓоковиќ. Можеби ќе има реприза ако Надал не заигра како во првиот сет.

- Оглас -

Најнови вести