Тенки се шансите на Македонија да се протне на СП во Египет – Чесите нема да се откажат

Чешката ракометна репрезентација нема да се откаже од настапот на Мундијалот во Египет што ќе почне на 13. јануари, па ниту алатмантната ситуација со дури 16 играчи позитивни на Ковид-19 не ги пишмани Чесите.

„По секоја цена ќе играме на Мундијалот. Ситуацијата не е добра со позитивните тестови кај многу ракометари, но имаме информација дека ИХФ веќе им дозволила на две репрезентации да го прошират списокот на играчи поради Ковид-19. Чешка сигурно ќе игра на Светското првенство“, објавија од таборот на Чешка.

Со тоа и шансите на Македонија како резерва да се протне на Мундијалот во Египет речиси изчезнаа, бидејќи и втората селекција Шведска што „виси“ поради големи проблеми со Ковид-19 нема да се откаже, ако ИХФ дозволува да се прошири списокот со нови ракометари.

Македонија е прва резерва за настап на Светското првенство, откако и кај нас корона-вирусот директно ни ги одзеде шансите за пат во Египет, бидејќи бараж двомечот со Франција не се одигра со одлука на ИХФ.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести