Тензично е во Баерн, Нојер се чувствува како да некој да му ге откорнал срцето со отказот на неговиот пријател, веднаш доби остар одговор од друга голманска легенда

Капитенот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, кој ќе го пропушти вториот дел од сезоната поради скршеница на ногата, е гневен поради отказот што го доби неговиот пријател Тони Тапаловиќ, но доби жесток одговор од друга голманска легенда, Оливер Кан.

Нојер во интерју за „Атлетик“ изјави дека е лут на челниците на Баерн бидејќи минатиот месец го отпуштија тренерот на голманите, Тапаловиќ.

„Тоа беше голем удар за мене. Бев известен од страна на луѓето од клубот за неговиот отказ. И за Тони тоа беше големо изненадување. Не разбирам зошто се случи, но отказот многу ме погоди. Тоа е можеби најбруталната работа која сум ја доживеал во кариерата, се чувствувам како некој да му го откорнал срцето“, рече Нојер во интервјуто за „Атлетик“.

Реакцијата дојде од друга голманска легенда, Оливер Кан, кој сега е претседател на Баерн Минхен.

„Тоа што Мануел го кажа за заминувањето на Тапаловиќ не е добро за него како капитен, а не ги претставува ниту вредностите на Баерн. Освен тоа, таквите изјави доаѓаат во погрешно време бидејќи пред нас се важни натпревари. Нојер е лично погоден од отказот и може да се разбере тоа до одредена мера. Знаевме за тоа штом му ја соопштивме одлуката која не ја прими добро. Нив слична ситуација поминав и јас во 2004 година во репрезентацијата. Сеп Мајер се почувствува предаден од Федерацијата и си замина, а јас бев разочаран и лут, но знаев дека приоритет е тимот. Тоа ми беше поважно од чувствата и затоа не истапив јавно. Мануел направи спротивно и наскоро ќе имаме сериозен разговор“.

Германските медиуми шпекулираат дека Тапаловиќ добил отказ на инсистирање на тренерот Јулијан Нагелсман бидејќи се сомнева дека тренерот на голманите на Баерн, бил кртот во соблекувалната кој на медиумите им откривал што се случува во клубот.

- Оглас -

Најнови вести