Тензии меѓу Погба и Мурињо на денешниот тренинг

Врската меѓу Пол Погба и Жозе Мурињо очигледно тотално се распадна. Вчера се појави информација дека Мурињо му ја одзел капитенската лента на Французинот, а тензиите меѓу нив двајца продолжија и на денешниот тренинг, од кој се појави видеозапис каде што јасно се гледа како Португалецот му кажува нешто на Погба, по што следуваше ладнокрвна реакција од фудбалерот, а потоа му возврати.

Засега не е познато какви зборови размениле двајцата, но според реакцијата на Погба, не се работи за позитивни критики.

- Оглас -

Најнови вести