Тео Симиќ потпиша за Игокеа, но нема да игра во АБА-лигата против МЗТ!

Македонскиот репрезентативен центар Теодор Симиќ потпиша четиригодишен договор со АБА-лигашот Игокеа, чиј тренер е неодамнешниот македонски селектор Драган Бајиќ.

Талентираниот Симиќ досега беше член на младинскиот состав на Барса, но ја прифати понудата од Игокеа и ќе почне да игра клупска сениорска кошарка. Сепак, Симиќ во претстојната сезона нема да го носи дресот на Игокеа туку ќе настапува како позајмен за Борац Бања Лука во АБА 2 лигата и во првенството на БиХ.

Ова значи дека Симиќ нема да учествува во дуелите на Игокеа со МЗТ Скопје Аеродром во главната јадранска лига, туку на пресметки во дресот на Борац со Пелистер и ТФТ во втората АБА-лига.

- Оглас -

Најнови вести