Теодор повторно во Евролигата, оди кај Џикиќ во Будуќност?

Плејмејкерот со македонски пасош, Џордан Теодор, наскоро би можело да биде ангажиран од Будуќност, што би значело негово враќање во Евролигата, во која дебитираше во минатата сезона. Теодор лани играше за Армани Милано, уште има договор со тој клуб, но не игра никаде.

Ако премине во тимот од Подгорица, кој го води поранешниот македонски селектор Александар Џикиќ, Теодор ќе ја засили бековската линија на првакот на АБА-лигата. Будуќност најави дека се откажува од услугите на Арон Крафт и празното место сака да го пополни со Теодор, за кого интерес има и од Дарушафака и Лимож.

Амбициите на Теодор се да игра во Евролигата и Будуќност му е идеална прилика, па затоа засега одбива да оди во Кина и чека шанса во европската елита.

Теодор минатото лето дебитираше за македонската репрезентација, на дуелите со Косово и Естонија, но одигра под очекувањата и не се вклопи во националниот тим како некои други Американци.

- Оглас -

Најнови вести