Тепачка на тренинг на Арсенал, имало и крв?!

Еден англиски медиум објави дека минатата недела, поточно во петокот, имало тепачка за време на тренинг на лондонскиот Арсенал. По еден остар старт на Дани Себалјос во нозете на Давид Луиз, Бразилецот го удрил соиграчот со силен удар во носот, а како резултат на боксот, од носот на Шпанецот почнало да тече крв. Себалјос веднаш станал на нозе се обидел да му врати на Луиз, но останатите играчи се вмешале и спречиле поголем инцидент. Тренерот Артета двајцата ги испратил дома.

По ова, следниот тренинг на Арсенал беше дури во вторникот (завчера), и двајцата се извиниле, па тренингот течел нормално. Притисокот во Арсенал е голем, нервозата ја носат лошите резултати, Топчиите загубија три од последните четири меча во Премиер лигата и моментно се дури на 11-тото место на табелата.

Откако излезе во јавноста информацијата за инцидентот, се огласи Себалјос, кој тврди дека ова е „лажна вест“.

 

- Оглас -

Најнови вести