Тер Штеген е подобар асистент од Азар и Жоао Феликс (Видео)

Барселона ја победи Мајорка со 5-2 во меч на кој Лионел Меси го направи 35-тиот хет-трик во шпанската лига, а нашиот Александар Трајковски не беше во составот на гостите. Сега Барса и Реал Мадрид имаат четири бода предност пред третата Севилја. Барселона на домашен терен сезонава има дури 30 гола на седум меча.

Голманот на Барселона, Марк Андре Тер Штеген, сезонава во шпанската лига има две асистенции, што е необично за некој што е на негова позиција. Иако работа на Германецот е да го чува голот и да не прима голови, тој сака да игра со топката, а неговите долги исфрлања напред, придонесуваат и за голови на Барса.

Вечерва Тер Штеген ја испрати топката напред и му овозможи на Антоан Гриезман да излезе сам пред голманот на Мајорка и да погоди за 1-0. За Тер Штеген ова е втора асистенција сезонава. За споредба, по една асистенција имаат ѕвезди како Еден Азар или Жоао Феликс. До вечерва и Луис Суарес имаше само една асистенција.

Ова е додавањето на Тер Штеген кое Гриезман го претвори во водство, а после тоа каталонците заиграа слободно и ја наполнија мрежата на гостите:

https://www.youtube.com/watch?v=SyMMCPElUXo

- Оглас -

Најнови вести