Тер Штеген го чека пауза до ноември

За Барселона се појави уште еден проблем откако клубот потврди дека Марк-Андре Тер Штеген во вторник ќе биде опериран. Германскиот голман мора да го реши проблемот со десното колено, а времетраењето на закрепнување ќе трае до ноември.

Тоа значи дека новиот тренер Роналд Куман ќе ја почне новата сезона без првиот чувар на мрежата, а засега замена му е Бразилецот Нето, кој може да го напушти клубот ова лето.

Тер Штеген во изминатата сезона, во која Барса доживеа дебакл на сите фронтови, настапи на вкупно 45 натпревари, во кои 15 пати сочува празна мрежа.

- Оглас -

Најнови вести