Тер Штеген ја има интервенцијата на колото во ЛШ (видео)

Барселона има минимални 1-0 по првите 45 минути на гостувањето кај Славија Прага благодарение на јубилејниот погодок на Лионел Меси. Сепак, капитенот на Каталонците засега не е единствениот херој и Тер Штеген си заслужи аплаузи по фантастичната интервенција во 20-тата минута.

Домаќините при контра-напад се заканија кон голот на шпанскиот првак. Зелени од непосредна близина шутираше во левиот агол од голот на Барса, но германскиот чувар на мрежата одбрани со нозе иако се фрли во спротивен правец и го одржа резултатот во корист на неговата екипа.

https://www.youtube.com/watch?v=pmYsEt55fJU

На останатите средби гол нема само во дуелот Лил – Валенсија, додека во четири меча резултатот е 1-0 за Бенфика против Лион, Интер против Б. Дортмунд и Ливерпул против Генк, додека Салцбург израмни против Наполи на 1-1.

https://twitter.com/InterYaSoul/status/1187087558641147906

https://twitter.com/HerrIkmal/status/1187082702098325505

- Оглас -

Најнови вести