0.8 C
Skopje
недела, 11 јануари 2026

Тер Штеген ја прифатил понудата на Жирона, дефинитивно си заминува од Барселона

Германскиот голман, Марк-Андре тер Штеген, е блиску да ја напушти Барселона и во продолжение од сезоната како позајмен да настапува за помалиот клуб од Каталонија, Жирона.

Според шпанските медиуми, Германецот веќе ги договорил сите детали и се чека само официјализација на трансферот. Тер Штеген долго одбиваше да си замине од Барселона, а една од причините беа и неговите две деца, со оглед дека минатата година се разведе од сопругата.

Сега и тој и услов е исполнет, па Тер Штеген не само што ќе остане во Шпанија, туку и понатаму ќе остане во Каталонија и блиску до семејството.

Во Жирона со сигурност ќе биде прв избор меѓу стативите, со оглед дека на клубот не му оди според планот оваа сезона и се наоѓаат само два бода над црвената зона.

- Оглас -

Најнови вести