Тер Штеген како Доминик Хашек, Германецот ја бранеше Барса во стилот на голманите на НХЛ (Видео)

Марк-Андре тер Штеген бранеше неверојатно во Дортмунд, а неколку одбрани му беа во хокеарски стил, па тој е јунакот на Каталонците и најзаслужен што шпанскиот првак избегна пораз од Борусија.

Мечот заврши нерешено без голови, а шпанските, односно претежно каталонските весници го глорифицираат германскиот голман.

„Ѕидот се вика Тер Штеген“, пишуваат новинарите на каталонски „Спорт“, со јасна алузија на познатиот жолт ѕид што го прават навивачите на Борусија Дортмунд, нешто што е бренд во светот на фудбалот.

Погледнете дел од одбраните на Германецот на голот на Барселона на вчерашниот меч од стартното коло во Лигата на шампионите.

 

Ter Stegen’s Save Show vs Borussia Dortmund – UEFA CHAMPIONS LEAGUE 2019-2020 MATCHDAY 1 from soccer

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести