Една лоша и една добра вест за Барселона поврзани со голманската позиција.
Лошата е дека првиот голман Марк-Андре Тер Штеген уште има болки и можеби ќе треба да оди на операција на грбот. Тој речиси сигурно веќе нема да брани до крајот на оваа 2023 година, а добрата дека неговата резерва Ињаки Пења е добар голман, што го докажа и синоќа против Атлетико.
Во финишот на дербито со Јорганџиите, Пења имаше две одлични одбрани, од кои едната, кога спречи чист гол од слободен удар на Мемфис Депај, е една од најдобрите одбрани сезонава во шпанската лига.
Ако Тер Штеген биде опериран, паузата ќе му биде од четири до шест недели, што значи дека ако деновиве му биде направен зафатот, тој би се вратил меѓу стативите за осминафиналето од Лигата на шампионите.